Јавна дебата на ДКСК за измените на Правилникот за урбанистичко планирање
Низа забелешки за последната измена на Правилникот за урбанистичко планирање...

Тоа што за министерот Бочварски е позитивно не го гледа никој од учесниците на дебатата кои излегоа со низа забелешки за последната измена на Правилникот за урбанистичко планирање. Како ризик од корупција се наведуваат дискрециските овластувања а повеќето имаат дилема за дефиницијата на стекнато право. Анткорупционерите се децидни дека тоа е непотребно.
Реагираа и од Асоцијацијата на архитекти на Македонија заради тоа што ниту биле консултирани ниту некој побарал мислење од нив. Сметаат дека за просторните промени не може да се применуваат статистички параметри.
Министерот Бочварски посочи дека Правилникот им дава големи можности на градоначалниците да искреираат подобри урбанистички планови пред сè за јавниот интерес.
На дебата „Дискреционите овластувања при донесување на подзаконски акти како ризик од корупција во урбанистичкото планирање“ учествуваа поранешни пратеници, невладини организации и други засегнати субјекти.
Фиљана Кока
