Граѓаните со различно искуство за цените во маркетите
Цените на основните прехранбени производи почнаа да паѓаат. Ваквиот потег следува по одлуката на владата да ги ограничи трговските маржи. Маркетите велат – го следат сигналот. Според потрошувачите, тоа зависи од продавница до продавница. Цените на основните прехранбени производи почнаа да паѓаат. Ваквиот потег следува по одлуката на владата да ги ограничи трговските маржи. Маркетите велат – го следат сигналот. Според потрошувачите, тоа зависи од продавница до продавница...
..

Граѓаните со различно искуство, дали трговците ги почитуваат мерките на Владата за намалената маржа за основните прехранбени производи. Од пред некој ден тие треба да се со пониска маржа, во зависност од производот. Купувачите велат дека некаде цените се пониски, но, има маркети каде не почувствувале дека цените се намалени.
И, додека граѓаните оценуваат, секој според своето искуство од маркетот каде пазареле, трговците велат, ги почитуваме мерките на Владата за намалената маржа.
Од Владата пак, оптимистички велат, дека замрзнување на маржата на одредени производи, со цел ограничување на растот на цените, веднаш дала резултат. Цените на основните прехранбени производи се намалени за 5 до 10%. Така ќе биде сè до 30-ти септември, додека истата мерка е во важност.
Петар Печков
