Македонија

Францускиот предлог за ветото стигнал до бугарското собрание

17.06.2022 17:34

Предлогот на француското претседателство на ЕУ, кој треба да послужи како основа за решавање на бугарско-македонскиот спор и дигање на ветото на Софија за почеток на пристапните преговорите, стигнал до членовите на Комисијата за надворешна политика на бугарското Народно собрание, јави БНР повикувајќи се на два независни извори.

Францускиот амбасадор во Софија, Флоранс Рубин во четвртокот им го претставил документот на членовите на групата за пријателство со Франција во бугарското Собрание. Притоа било дискутирано дали владата го има неопходното мнозинство да го протурка документот во парламентот.

Според неофицијални информации, францускиот предлог предвидува дел од бугарските барања да се вметнат во Преговарачката рамка на Северна Македонија со ЕУ.