Македонија

Започнува фестивалот „Нови простори 2022“

17.06.2022 18:01

Поетско читање, танц, музика и ликовно творење ќе понуди фестивалот „Нови простори 2022“ што во текот на утрешниот ден (18.06.2022 година) од 09:30 до 21 часот ќе се одржува на кејот на реката Вардар. Програмата на фестивалот оваа година е поделена на два дела и на две локации – првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот...

Поетско читање, танц, музика и ликовно творење ќе понуди фестивалот „Нови простори 2022“ што во текот на утрешниот ден (18.06.2022 година) од 09:30 до 21 часот ќе се одржува на кејот на реката Вардар.

Програмата на фестивалот оваа година е поделена на два дела и на две локации – првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот.

Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“, а вториот дел ќе ги опфати концертот со сегментите „Нов бит“ и „Отворен микрофон“ што ќе се одржи на скалите под Камени мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото, а сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација.

Согласно со програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од шест минути, при што поетите во две минути ќе треба да се претстават себе си, а во четири минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика. Во вториот дел се настапите на музичарите, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Градскиот трговски центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка од Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022-ра година.