Ново поскапување на дизелот од полноќ
Кај бензините цената не се менува, како и кај екстра лесното масло и мазутот, но затоа поскапува дизелот и тоа за два денари. Од полноќ ќе се продава за 109,5 денари за литар...

Регулаторната комисија за енергетика направи нова корекција на цената на горивата.
Кај бензините цената не се менува, како и кај екстра лесното масло и мазутот, но затоа поскапува дизелот и тоа за два денари. Од полноќ ќе се продава за 109,5 денари за литар.
ЕУРОСУПЕР БС-95 и понатаму ќе се продава за 111,5, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 113,5, Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 105 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 56,317 денари за килограм.
Како причина за зголемената цена на дизелот од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на светскиот пазар кај дизелот во просек за 1,078 отсто и намалените кај бензините во просек за 2,407 отсто, како и за околу 1,488 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.
