Нема финале за Мицов и Ивановски
Стефан Мицов и Калин Ивановски денеска беа елиминирани во полуфиналето во двојки, на Фјучерс турнирот во Скопје, со награден фонд од 15.000 долари. Откако вчера ги совладаа третите носители, денеска немаа сили да освојат ниту сет против романско-молдавската комбинација Полоши/Снитари, иако и тие не се рангирани...

Стефан Мицов и Калин Ивановски денеска беа елиминирани во полуфиналето во двојки, на Фјучерс турнирот во Скопје, со награден фонд од 15.000 долари. Откако вчера ги совладаа третите носители, денеска немаа сили да освојат ниту сет против романско-молдавската комбинација Полоши/Снитари, иако и тие не се рангирани.
За само 66 минути игра, славеа со 6-2, 6-4 во сетови и се пласираа во финалето каде што ќе се пресметаат со Хилдербранд од САД и Павел од Романија. Тие двајца денеска направија подвиг и ја елиминираа најквалитетната двојка на турнров во Скопје, Бобров од Русија и Оберлајтнер од Австрија.
Во сингл, познати се двете полуфиналиња. Првиот рекет, Бразилецот Орландо Луж ќе вкрсти со Богдан Бобров од Русија, кој е седми фаворит, а осмиот, Штефан Полоши од Романија ќе се пресмета со сонародникот Себастијан Џима.
