Партии

ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски

18.06.2022 09:43

Францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија. Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот, велат од ВМРО-ДПМНЕ...

СДСМ прави идентитетски удар врз постоењето на народот, државата и идентитетот. Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија. Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите- велат од партијата и прашуваат: Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции?