Путин: Немаме проблем со украинското членство во ЕУ
„Европската унија не е воена организација или воено-политички блок, за разлика од НАТО. Постојано велиме дека нашиот став е многу јасен за ова прашање. Ние немаме ништо против тоа“, изјави Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин не гледа проблем во бриселската препорака за доделување на кандидатски статус на Украина за членство во ЕУ. На Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, првиот човек на Кремљ, меѓу другото, повтори дека неговата земја не се обидува да се изолира и има право да ги признае републиките во Донбас. Од први јули, Украина го укинува безвизниот режим за Русите.
„Европската унија не е воена организација или воено-политички блок, за разлика од НАТО. Постојано велиме дека нашиот став е многу јасен за ова прашање. Ние немаме ништо против тоа“, изјави Путин.
Британскиот премиер Борис Џонсон, кој беше во посета на Киев, вети поддршка за Украина, вклучувајќи и помош во извозот на житарки.
