ИЗРАЕЛ

Напад врз неколку цели на Хамас, уништена е фабрика за оружје

18.06.2022 10:39

Одговорноста не ја презеде ниту една група, но Израел најчесто ја обвинува Хамас за насилствата од крајбрежната палестинска енклава.

Израелската војска погоди фабрика за оружје на Хамас и други цели во Појасот Газа како одговор на истреланата ракета од палестинските милитанти кон јужен Израел.

Одговорноста не ја презеде ниту една група, но Израел најчесто ја обвинува Хамас за насилствата од крајбрежната палестинска енклава.

Ескалациите следуваат по двомесечното затишје меѓу двете страни додека на Западниот Брег се зголемуваа тензиите.