Во Велес право на глас имаат 46.261 граѓани

13.04.2014 13:01

Сите 73 избирачки места во Велес точно во седум часот се отворени...

Сите 73 избирачки места во Велес точно во седум часот се отворени, информираат од Општинската изборна комисија.46.261 велешанец,  има можност искористувајки го Уставното право,  да гласа на овие петтите по ред претседателски избори.

„Во шест часот утринава избирачкиот одбор се собра на гласачкото место во полн состав, сите подготовки беа направени и се беше во најдобар ред. На ова гласачко место 2158 има 723 избирачи, веќе првите гласачи почнаа да доаѓаат“, рече Лидија Алчева Игновска, претседател на ГМ 2158.

Процесот на гласање и овој пат ќе биде мониториран  од домашни и странски набљудувачи. Според информациите на ОИК, во Велес,  во текот на вчерашниот ден гласаа  болните  и изнемоштени лица.491 лице го искористило правото на глас во домашни услови.

Дијана Иванова