Политика

Опозицијата вечерва на протест

18.06.2022 10:49

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протест во Скопје за обединување против владата и отворање на патот за предвремени избори. За утре е најавена средба на коалициските партнери кои се дел од парламентот и од владата. На неа ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година...

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва на протест во Скопје за обединување против владата и отворање на патот за предвремени избори. Вчера партијата славеше роденден. Лидерот Мицкоски со повик за обединување.

„Кога државата се соочува со предизвици, удари, со понижувања, со сиромаштија, одрекувања и порекнувања ВМРО-ДПМНЕ природно и разбирливо е предводник на знамето кое обединува, и тоа е обврската која јас ја прифаќам со чест и со целото мое срце. И ако праша некој зошто? Затоа што ВМРО-ДПМНЕ и јас нема да молчиме кога народот страда, кога чувствува несигурност, гнев и трпи понижувања. Тоа се работите кои без малку ги чувствува секој еден човек без разлика на верата и нацијата. Нема да молчиме бидејќи сега треба да бидеме гласни. И ние таа битка ќе ја водиме. И за таа цел вратите на народот се широко отворени. ВМРО-ДПМНЕ е партија на народот, но и главната сила која во периодот што следи ќе ги предводи промените“, изјави Мицкоски.

За утре е најавена средба на коалициските партнери кои се дел од парламентот и од владата. На неа ќе се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024 година, информираше премиерот Ковачевски.