Кризата ги зголеми проблемите во градежништвото
Економската криза ги мултиплицираше проблемите во градежништвото, уште нерешени старите, стигнаа новите проблеми. Граѓаните, пак, и не се решаваат да реновираат. Сите чекаат подобри времиња…

Економската криза ги мултиплицираше проблемите во градежништвото, велат градежниците и сметаат дека се во ситуација на преживување. Зголемените цени на репроматеријалите, на енергенсите, се напластија на старите проблеми-во Прилеп со години тешко се стигнува до градежна дозвола.
Неекипираната администрација и несоодветните законски регулативи ќе ги избркаат и оние инвеститори кои сакаат да градат.
Во обременета економска ситуација, на граѓаните речиси не им паѓа на памет за градежни зафати или реновирање. Останува и јагмата за занаетчиските мајстори.
И градежниците и граѓаните чекаат постабилни времиња.
Елизабета Митреска
