Економија

Неизвесна е изградбата на новата индустриска зона во Штип

18.06.2022 13:06

Околу триесет хектари државно земјиште во индустриската зона во Штип е во планот и на локалната самоуправа за изградба на индустриска зона и во планот на АД во државна сопственост „Аеродроми Македонија“ за поставување фотоволтаични панели. Разрешница на случајот треба да даде Агенцијата за планирање на просторот…

Пред повеќе од една година Општина Штип одлучи да гради нова индустриска зона близу населбата Три Чешми. Иако рокот за изградба одамна е поминат, проектот сè уште е актуелен, но сега е во опасност да не се реализира бидејќи во меѓувреме акционерското друштво „Аеродроми Македонија“ истата локација која е во државна сопственост планира да ја користи за поставување фотоволтаични панели.

И покрај економската криза, интерес за отворање нови капацитети од бизнис заедницата во источниот регион има, вели градоначалникот, а забележително се менува и структурата на економијата.

Штип има три индустриски зони, и една технолошко индустриска развојна зона каде има 37 парцели, а работат само неколку странски компании.

Славица Величковска