64.547 прилепчани со право на глас ќе избираат денес
Изборниот процес во Прилеп изутрината почна точно навреме и се одвива без никаков проблем...
Сите 142 избирачки места се отворени во 7 часот, потврдуваат во општинската изборна комисија
„Општинската изборна комисија го предаде материјалот до избирачките одбори. Сите избирачки места се отворени навреме, без проблем“, вели Елена Чагороска, претседател на Општинската изборна комисија.
„Избирачкото место 1.403 беше отворено точно во 7 часот. До овој момент 50 луѓе имаат излезено да гласаат“, вели Виолета Секулоска, претседател на избирачки одбор.
Своето право на глас во Прилеп го остваруваат 64.547 избирачи.
Гласањето е непречено и навремено во соседните општини. Во Кривогаштани и Долнени гласаат 15.780 избирачи на 53 гласачки места.
Елизабета Митревска
