Да се посвети внимание на менталното здравје

Самоубиството- четврта причина за смрт кај младите

18.06.2022 15:48

Насилство, вознемиреност, анксиозност, депресија-пандемијата го зема данокот кај младите. Самоубиството станува четврта причина за смрт. Лекарите загрижени за менталното здравје кај популацијата. Препорачуваат да се преземат превентивни мерки, пред да се дојде до фатален исход поради здравствената состојба…

Четврта причина за смртност кај младата популација е самоубиство. Менталното здравје за кое многу малку се води грижа ги наметнува предизвиците и проблемите кај младите. Истото повлекува сè поголем број млади со клинички слики на депресии, анксиозност, вознемиреност, насилство.

Специјалистите велат, ова е важна тема отсекогаш, но сега е вистинско време да ѝ се посветиме, бидејќи сите се соочуваме со нови предизвици и мораме заедно да работиме за да ги надминеме. Од почетокот на пандемијата, ни се промени животот на сите.

Превентивните мерки и мерките за рана интервенција се суштински за намалување на здравствените трошоци и невработеноста, како и за подобрување на образовните резултати. Покрај тоа, исто така е битно да се подигне свеста за негативните ефекти од насилното однесување, агресијата и праксата на исклучување, особено со помош на интернетот и социјалните медиуми.

Стојне Митева