Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата
Мицкоски: Промени мора да има!
18.06.2022 22:45
„Премногу е“- протест за промени на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата. Лидерот на партијата Мицкоски со порака за предвремени парламентарни избори. Вели – никогаш Македонија не видела болка како сега, грдата реалност мора да се промени...

„Никогаш Македонија не видела болка како сега, грдата реалност мора да се промени“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Владата, кој се одржа под мотото „Премногу е“. Порача дека неговата партија тргнува да ја освои победата што ѝ припаѓа, и побара предвремени парламентарни избори. Деталите за собирот на опозициската партија, од Марина Стојанова Тонева.
