Политика

СДСМ: Граѓаните не го поддржаа митингот на ВМРО-ДПМНЕ

18.06.2022 22:52

Според владеачката партија, наместо масовен протест, како што најавувало ВМРО-ДПМНЕ, пред Владата дошле соработниците на Мицкоски и партиски вработените кадри во општините раководени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните не го поддржаа митингот на ВМРО-ДПМНЕ, слаба посетеност и слаба организација“, велат од СДСМ.

Според владеачката партија, наместо масовен протест, како што најавувало ВМРО-ДПМНЕ, пред Владата дошле соработниците на Мицкоски и партиски вработените кадри во општините раководени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ.

„Нереформираното ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоси знае само да брани криминал и да и носи штета на државата, затоа денеска како и многу пати претходно ја нема поддршката на граѓаните“, велат Социјалдемократите.