Во Струмица денеска ќе избираат 48 215 граѓани
Мирно и во демократска атмосфера тече гласањето во Струмица.
Тука право на глас имаат 48 илјади 215 граѓани. Утринава навреме биле отворени гласачките места, тврдат од Општинската изборна комисија. Според нивните податоци, до 10 часот излезноста била 10,8 проценти.
Oд избирачките одбори велат дека гласањето тече нормално, без никакви проблеми.
„До 10 часот имавме излезност од околу 69 граѓани од вкупно 523“, вели Костадинка Јанкова- зам.прететседател на ИО
„Избирачкото место 1750 беше отворено на време, гласањето тече во најдобар ред, нема никакви проблеми“, вели Катерина Божијанова
Граѓаните очекуваат гласачкиот ден да помине мирно, во фер и демократска атмосфера.
Од другите струмички општини, во Ново Село право на глас имаат 10.815, во Босилово 11.912 и во Василево 10.057 гласачи.
Катерина Давчева
