Ковачевски на средба со коалициските партнери
Коалициските партнери од власта денеска во Владата ќе одржат средба на која се очекува да се реафирмира ставот за одржување редовни парламентарни избори во 2024-та година заедно со претседателските...

Премиерот Димитар Ковачевски денес на средба со коалициските партнери од Владата на која треба да се реафирмира ставот за одржување редовни избори во 2024-та година заедно со претседателските.
Целта на средбата е да се направи рекапитулација на сè што било направено во однос на справувањето со кризата во изминатите месеци од формирањето на новата влада, рече Ковачевски.
Коалициските партнери ќе се осврнат и на политиките во насока на задржување на стандардот на населението и унапредување на системот на Македонија и усогласување со системот на Европската унија.
По завршувањето на средбата, премиерот Димитар Ковачевски ќе има прес-конференција за медиуми на којашто ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција.
