УКРАИНА

Интензивни битки во Северодоњецк

19.06.2022 09:31

Извор на руската новинска агенција „Тас“ соопшти дека водичите на единицата „Азов“ и други украински офицери, кои се предале во Мариупол, биле префрлени во Русија.

116 ден од руско-украинскиот конфликт. Продолжува битката за Северодоњецк, украинската војска ги засилува нападите во Доњецк. Началникот на луганската област Гајдај тврди дека цивилите во „Азот“ одбиваат да ја напуштат фабриката. Иако беа уништени сите мостови, постојат можности за нивна евакуација. Извор на руската новинска агенција „Тас“ соопшти дека водичите на единицата „Азов“ и други украински офицери, кои се предале во Мариупол, биле префрлени во Русија.

„Не го даваме југот никому, ќе си вратиме се, и морето ќе биде украинско и безбедно“, рече претседателот Зеленски.

НАТО предупреди дека војната може да трае со години, а Западот ќе плати уште повисока цена ако го остави Путин да прави што сака како по војната во Грузија и анексијата на Крим.