Нема аргати за берба на грозјето, се жалат лозарите од Тиквешијата
Лозарите од Тиквешијата кои се најголеми производители на грозје во земјава, имаат проблем со работната сила. Нема аргати и можно е грозјето да остане по полињата…

Лозарите од Тиквешијата имаат проблем околу работната сила која ќе ја врши бербата. Иако до нејзиниот почеток има месец и половина, тие со време предупредуваат дека е можно грозјето да остане по полињата, оти ќе нема кој да го бере. Нема аргати.
Лозарите велат дека временскиот период за берба на грозјето е краток, а малиот број на аргати не може да стигне да ги обере сите површини со лозје. Предлогот да се донесат работници од Албанија, за нив е неприфатлив.
Времето за берба стигнува, но годинава лозарите од тиквешкиот крај ги очекува и друга мака.
Регионот на Тиквеш е најголемиот производител на грозје во земјава, каде околу три илјади лозари живеат од оваа култура.
Петар Печков
