Европа

Втор круг од парламентарните избори во Франција, коалицијата на Макрон во предност

19.06.2022 09:44

Според дел од анкетите, коалицијата на претседателот Емануел Макрон „Заедно“ би можела да освои меѓу 255 и 295 места во собранието, кое има 577 места.

Втор круг од парламентарните избори во Франција. Право на глас имаат околу 48,5 милиони граѓани. Според дел од анкетите, коалицијата на претседателот Емануел Макрон „Заедно“ би можела да освои меѓу 255 и 295 места во собранието, кое има 577 места.

За левичарската коалиција „Нова народна еколошка и социјална унија“ (НУПЕС) на  Жан-Лук Меланшон се предвидуваат меѓу 150 и 200 пратенички места.