Нема стручен кадар и финансии за реставрација на старите храмови
Процесот на реставрација на старите храмови сè побавен поради немање на доволно стручен кадар и финансии. Заштитата на манастирската црква Света Богородица во Лешок со повеќеслојно ѕидно сликарство започната пред една деценија сè уште незавршена. Конзерваторите го враќаат стариот сјај на фрескоживописот, за кој се потребни години целосно да се зачува и обнови. Но, според програмата и средствата кои се одобрени, тука ќе се работи до крајот на месецот…
Ова се фрески од 19-ти век, но под нив се наоѓа уште еден, а некаде и два слоја на фрескоживопис стари и до 5 века. Најоштетеното ѕидно сликарство по механички, но и хемиски пат се отстранува и завршува изложено во музеите. Се конзервира тоа што е најзачувано.
Манастирската црква Света Богородица уникатна по архитектура и фрескоживопис, но процесот на конзервација никако целосно да се заокружи.
И многу други храмови под заштита оставени се да пропаѓаат, затоа што нема кој да ги конзервира, а финансиите се кратат. Наместо администрација, државата да создава стручни лица, кои на терен што поскоро треба да го зачуваат историското благо, велат конзерваторите.
Податоците говорат дека храмот „Пресвета Богородица“ е изграден во 14-ти век. Особено внимание привлекува архитектурата како и уникатноста на фреската „Страшниот суд“.
Зоран Димовски
