Во Тиквешијата изборниот ден минува во демократска атмосфера

13.04.2014 13:50

И во Tиквешијата гласањето на петтите по ред претседателски избори се одвива во фер и демократска атмосфера.

Во Кавадарци  според единствениот избирачки список со  право на глас евидентирани се 32 281 лице. Тие уставното право на глас до 19 часот ќе го искористат на едно од  60-те  гласачки места.  Според Марија Јованова, претседател на ОИК  до 10 часот правото на глас го оствариле   околу 11 проценти од евидентираните гласачи. Во текот на вчерашниот ден според  Јованова правото на глас во домашни услови го исполниле 170 лица евидентирани како болни и изнемоштени.

Во Неготино пак според единствениот избирачки список право на глас имаат 16 005 лица. Правото на глас веќе го искористиле околу 14 проценти. Се гласа на 28 избирачки места. Снежана Цветковска, претседате л на ОИК за МРТ вели дека изборниот ден минува во демократска атмосвера. Традиционално зголемена излезност на галасачите се очекува во текот на попладневните часеви. 119 болни и изнемоштени лица, вчера гласајки во своите домови го искористија Уставното право на глас.

Покрај домашните акредитирани набљудувачи,  процесот на гласање и во тиквешкиот регион го следат преставници на мониториг мисиите на ОБСЕ и ОДИХР.

 

Дијана Иванова