МВР

Спречен обид за криумчарење мигранти, приведени две лица од Велес

19.06.2022 10:38

При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија.

Вчера вечер на автопатот Гевгелија – Скопје, на наплатна станица Смоквица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ ги лишиле од слобода Д.С.(20) и М.И.(36), двајцата од Велес.

При преглед во товарно возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал Д.С., а сопатник бил М.И., биле пронајдени 26 лица илегални мигранти од Сирија. Тие биле приведени во полициска станица, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг “ во Гевгелија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.