Македонија

Финската премиерка Марин утре доаѓа во Скопје, МВР со посебен сообраќаен режим во центарот на градот

19.06.2022 11:09

Финската премиерка Сана Марин од утре во официјална посета на земјава. Според агендата, предвидено е таа да пристигне во Скопје попладне околу 14 часот...

Финската премиерка Сана Марин од утре во официјална посета на земјава. Според агендата, предвидено е таа да пристигне во Скопје попладне околу 14 часот, а пред платото на Владата ќе ја пречека премиерот Димитар Ковачевски.

Двете делегации ќе имаат билатерален состанок, а Марин и Ковачевски ќе одржат и заедничка прес-конференција.

Од МВР најавија дека во центарот на Скопје во понеделник и вторик ќе има посебен сообраќаен режим и апелираат до возачите да ги почитуваат наредбите од полицајците.

Во понеделник и вторник во официјална посета на земјава ќе пристигне премиерката на Република Финска, Сана Марин. Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници- соопштија од Министерството.