Македонија

Момче од Македонија се удави на плажа во Црна Гора

19.06.2022 14:46

Според црногорските медиуми, првиот ден од престојот во земјата каде што 22-годишниот македонски државјанин заминал да работи во летната сезона, завршил трагично.

22- годишно момче од Mакедонија се удави во Црна Гора, објавуваат црногорските медиуми.

„МНР доби известување од надлежните институции на Црна Гора, дека наш државјанин Е.Х. роден 2000 година во Тетово, му е констатирана смрт во туристучкото место Утјеха. Во тек е обдукција, со цел целосно расчистување на случајот од надлежните црногорски институции“, изјавија за МТВ, од Министерството за надворешни работи.

Според црногорските медиуми, првиот ден од престојот во земјата каде што 22-годишниот македонски државјанин заминал да работи во летната сезона, завршил трагично.

Момчето стигнало вчера во заливот меѓу Бар и Улцињ и околу 18 часот се удавило на плажата Утјеха. Обвинител и полицијата го истражуваат трагичниот случај, а според првичните информации немало траги на насилство.