85 203 кумановчани денеска ќе го остварат своето право на глас
Во избирачкиот список во Општина Куманово запишани се 85. 203 граѓани кои денеска го остваруваат своето право на глас на 167 избирачки места на претседателските избори.
Сите избирачки места се отворени навремени , а гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера информираат од избирачките одбори.
-На нашето избирачко место 1074 гласањето се одвива според пропишаните законски прописи, гласањерто тече мирно.Досега излегоа 100 –тина гласачи и се надеваме дека одзивот ќе се зголеми во попладневните часови“, изјави Валентина Стојановска , претседателка на избирчаки одбор за избирачко место 1074 во Општина Куманово.
До 10 часот , во Куманово на гласање излегле околу 10 проценти од избирачите.
„Очекувам се најдобро, пред се да се вработат што повеќе млади...Да имаме подобра економијата, да се отворат нови работни места , да се зголемуваат платите и пензиите...“ велат граѓаните на Куманово
И во Општининте Липково и Старо Нагоричане гласање се одвива во најдобар ред.
Тони Нически
