Во гимназијата „Орце Николов“ денеска се полага приемен испит
Отворени се 285 места, а во првиот уписен рок се пријавиле 353 од кои 337 се со просек 5.00. Бидејќи има 52 ученици повеќе со 75 поени, да се полага приемен испит...

Во скопската гимназија „Орце Николов“ денеска ќе се полага приемен, има пријавено 52 ученици повеќе со сите петки или 75 поени. Ваква одлука донесе Министерството за образование.
Отворени се 285 места, а во првиот уписен рок се пријавиле 353 од кои 337 се со просек 5.00. Бидејќи има 52 ученици повеќе со 75 поени, да се полага приемен испит.
Ќе се полага македонски јазик и математика, од материјали за осмо и деветто одделение. Резултатите од приемниот испит и листата на примени ученици ќе биде објавена неколку часа по завршување на тестирањето. Годинава, учениците се пријавуваа електронски наместо да поднесуваат документи во училиштата. Вториот уписен рок е утре и задутре, а третиот на 28 јуни.
