Франција

Макрон го загуби апсолутното мнозинство во Парламентот

20.06.2022 09:46

За помалку од два месеца откако беше реизбран за претседател, Емануел Макрон ја загуби контролата врз Народното собрание поради зголемената поддршка за левичарската коалиција и ултрадесничарите на парламентарните избори...

За помалку од два месеца откако беше реизбран за претседател, Емануел Макрон ја загуби контролата врз Народното собрание поради зголемената поддршка за левичарската коалиција и ултрадесничарите на парламентарните избори.

Според резултатите во вториот круг, неговата коалиција „Заедно“ освоила околу 38% од гласовите, односно 245 мандати. Левичарската НУПЕС на Меланшон доби 131 место, а екстремната десница на Ле Пен  89 мандати.

Со оваа поделба на силите, центристите загубија десетици пратенички места.