Зеленски: Русија ќе ги засили нападите
Продолжуваат битките во Донбас. Руската армија е сконцентрирана на истокот на Украина, Северодеоњцк и Лисичанск меѓу главните жаришта. Претседателот Зеленски најавува историска недела во која ЕУ ќе го даде одговорот за кандидатскиот статус за Украина...

Продолжуваат битките во Донбас. Руската армија е сконцентрирана на истокот на Украина, Северодеоњцк и Лисичанск меѓу главните жаришта. Претседателот Зеленски најавува историска недела во која ЕУ ќе го даде одговорот за кандидатскиот статус за Украина.
„Треба да очекуваме уште посилна непријателска активност од Русија. Намерно-демонстративно. Токму оваа недела. И не само против Украина, туку и други европски земји. Се подготвуваме, подготвени сме. Ги предупредуваме партнерите. Окупаторите ги собираат силите во правец на Харков. Удираат врз нашата нафтена инфраструктура, сакаат да ја влошат ситуацијата со нафтата. Ќе одговориме и на ова, се разбира“, Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Неделава во Брисел продолжуваат и разговорите за проширување на НАТО со Финска и Шведска. Нивното барање е оспорено од Турција. Анкара тврди дека овие скандинавски земји поддржуваат членови на Курдската работничка партија, а не се согласува ни со одлуките од пред три години за забрана за извоз на оружје во Турција поради воените операции во Сирија.
