Колумбија
Левичарот Петро победи на претседателските избори
20.06.2022 10:10
Историска победа на левицата во Колумбија. Некогашниот член на герилското движење М-19 освои 50,5% од гласовите, а неговиот противник, независниот Родолфо Хернандез доби 47,3%...

Историска победа на левицата во Колумбија. Поранешниот герилец Густаво Петро триумфираше на претседателските избори со што стана првиот левичар на чело на земјата со 50 милиони жители.
Некогашниот член на герилското движење М-19 освои 50,5% од гласовите, а неговиот противник, независниот Родолфо Хернандез доби 47,3%. Во кампањата, меѓу другото, вети бесплатно факултетско образование, реформи во пензискиот систем и борба против нееднаквоста.
