МВР

143 санкции за брзо возење на автопат Куманово - Скопје - Велес

20.06.2022 10:18

Вчера, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 143 возачи...

Вчера, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово - Скопје - Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 143 возачи.

Од нив, 36 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. МВР со апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.