51 157 охриѓани денеска ќе бираат претседател на Македонија
Утрото во 7 часот беа отворени сите 88 избирачки места во општина Охрид.
До 10 часот за еден од четворицата кандидати на овие петти претседателски избори гласале 11,77 проценти од вкупно 51 157 граѓани запишани во избирачкиот список.
Вчера своето право на глас го искористија болните,изнемоштените,затворените и притворените лица.
„Гласаа 134 болни, во затворот излезеноста беше 100 посто, се беше во ред“
До сега изборниот процес во Охрид се одвива мирно и не се забележани нерегуларности“, вели Марика Костадиноска-Претседател на Општинска изборна комисија-Охрид
„Гласачкото место, точно во 7 часот е отворено, засега не се забележани никакви неправилности и гласањето се одвива во најдобар ред“, вели Пател Ахмед-член на избирачки одбор
Поради помал број на гласачи од потребниот минимум,односно десет,гласачкото место во селото Скребатно не беше отворено,а жителите го остваруваат своето право на глас во населеното место Лескоец.
Сашо Нелоски
