Австралија

Премиерот Албанез одби да интервенира за Асанж

20.06.2022 10:44

Притисокот врз владата за случајот со австралискиот државјанин се зголемува откако Британија нареди да им биде испорачан на американските власти поради обвиненија за шпионажа...

Австралискиот премиер Ентони Албанез нема да бара САД да запрат со судско гонење на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж.

Притисокот врз владата за случајот со австралискиот државјанин се зголемува откако Британија нареди да им биде испорачан на американските власти поради обвиненија за шпионажа.

Асанж може да добие до 175 години затвор поради објавување на над 700.000 доверливи документи за американски војници и дипломатски активности, особено во Ирак и во Авганистан.