Мото ГП: Квартараро победник на трката на „Захсенринг“ во Германија

19.06.2022 16:05

На патеката во Германија, „Захсеринг“, лидерот во генералниот поредок успеа на стартот да го помине озвојувачот на пол позицијата, Францечско Бањаја, а возачот на Дукати во третиот круг падна и не ја заврши трката.

Бранителот на шампионската круна од минатата сезона, Фабио Квартараро победи на десетата овосезонска трка во Моро ГП шампионатот.

На патеката во Германија, „Захсеринг“, лидерот во генералниот поредок успеа на стартот да го помине озвојувачот на пол позицијата, Францечско Бањаја, а возачот на Дукати во третиот круг падна и не ја заврши трката.

Французинот од тимот на Јамаха, дојде до третата победа сезонава, втоа по ред, зад него денеска на целта пристигнаа Жоан Зарко и Џек Милер.

Во генералниот пласман кај возачите води Квартараро со 172 бода пред Еспаргаро кој има 138, трет е Зарко со 111 бодови.

Следната трка во Мото ГП шампионатот е закажана за следниот викенд, на патаката „Асен“ во Холандија.