Тенис

Палоши го освои ИТФ турнирот во Скопје

19.06.2022 15:28

Во финалето Палоши рангиран како осми носител беше подобар од првиот фаворит бразилецот Орландо Луж...

22-годишниот тенисер од Романија Штефан Палоши е победник на тенискиот турнир вреден 15.000 долари што изминатава седмица се одржа во Скопје .

Во финалето Палоши рангиран како осми носител беше подобар од првиот фаворит бразилецот Орландо Луж со 2-1 во сетови.Романскиот тенисер го освои првиот сет со 6-4 со брејк на стартот ,Луж врати во вториот со 6-1,а иако финалистот од минатата недела имаше можност за брејк во третиот-решавачки сет,не ја искористи,што му појде од рака на Палоши во осмиот гем за 6-3 во третиот сет и втор освоен турнир во неговата кариера.