Франција

Емануел Макрон не доби апсолутно мнозинство во парламентот

20.06.2022 13:56

Макрон го изгуби апсолутното мнозинство во францускиот парламент. Левичарскиот блок „Нупе“, главен опозициски фактор...

Поразен на парламентарните избори, претседателот на Франција се најде без мнозинство во Собранието. Радикалната левица станува една од главните сили во Собранието. Со 89 избрани пратеници, Националниот собир предизвика изненадување. Макронистите ќе треба да бараат мнозинство кај другите парламентарни групи во Собранието за да ги гласаат предвидените реформи, јави дописникот на МРТ.

За Емануел Макрон неуспехот е голем, претседателското мнозинство го изгуби апсолутното мнозинството во Националното собрание, далеку од 289 пратенички места од вкупно 577.

Премиерката Елизабет Борн и шеф на мнозинството, беше избрана не многу лесно. Таа ја призна досега невидената ситуацијата во Националното собрание.

„Никогаш Националното собрание се нема најдено во слична конфигурација под петтата република. Оваа ситуација претставува ризик за Франција, со оглед на ризиците со кои треба да се соочи и на национално и на меѓународно ниво“, изјави премиерката Елизабет Борн.

Симбол на изборниот неуспех е неизбирањето на претседателот на Собранието Ришар Феран и поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на пратеничката група на Републиката во Марш Кристоф Кастанер.

Овие избори доведоа и до враќање на левицата во Националното собрание, со резултат помал од тој на кој се надеваа. Сепак за лидерот на Нупес, Жан Лук Меланшон тоа е јасна победа.

„Ние успеавме во политичката цел која си ја дадовме. За помалку од еден месец да го срушиме, тој кој со толку голема ароганција му ја сврти раката на целата земја, и да биде избран без знаеме зошто“, изјави лидерот на Нупес, Жан Лук Меланшон.

Најголемото изненадување на овие избори е „Наионалниот собир“ на Марин Ле Пен. Таа исто така беше избрана за пратеник, а партијата на крајната десница забележа историски пробив.

„Ние ќе инкарнираме одлучувачка опозициска група. Опозиција, која „ќе биде цврста. Тоа значи без дослух“, но одговорна и со почит кон институциите. Бидејќи нашиот единствен компас е интересот на Франција и францускиот народ“, изјави Марин Ле Пен.

Четврти на изборите, Републиканците – неоголистите се задоволни од резултатот и ветуваат дека ќе бидат силна опозиција на Макрон во едно собрание крајно фрагментирано. При што некои стравуваат дека со Франција во наредните пет години ќе биде невозможно да се владее, бидејќи на Макрон му недостасуваат над 40 европратеници. А веќе некои коментатори веќе размислуваат дека можно е претседателот Макрон да го распушти собранието.

Во Стразбур, каде се одржува летната сесија на ПССЕ со внимание се следат француските избори, кои ќе испратат контингент на крајно десничарски пратеници, далеку од вредностите на паневропската институција.

Тони Гламчевски