Во Тетово гласањето тече во најдобар ред

13.04.2014 14:21

Без проблеми тече гласањето во тетовскиот регион. Последните податоци за излезноста се од 10 часот, до кога гласале 3,8 проценти од гласачите.

Подобрување на животниот стандард, остварување на ветувањата, работа за младите... Ова се дел од очекувањата на тетовци од овие избори.  

„Подобар стандард за луѓето. Од самата работа на избраникот се и нашите очекувања. Да ги исполни сите ветувања за младите, но и за нас постарите“, велат Жители на Тетoво

Изборниот ден тече мирно и без проблеми. Според последните информации од Општинската изборна комисија до 10 часот излезноста е околу 3,8%.

„Гласале вкупно 2227 гласачи, а тоа значи 3,77 проценти во однос на 117 избирачки места и вкупно запишани 79807 избирачи“, изјави Ѕвонко Ристоски – Заменик претседател на ОИК Тетово.

Задоволни од досегашниот тек на гласањето се и во избирачките места кои ги посетивме.  

„Овде очекуваме одзив, проблеми никогаш нема и веројатно и денеска ќе нема“, рече Џемаил Арифи – Претседател на избирачко место 1976.

„Во 7 часот беше отворено местото, немавме никакви проблеми, а со материјали сме снабдени уште од вчера“, вели Зоран Јованоски – Претседател на избирачко место 1977.

Во шесте општини од тетовскиот регион има вкупно 170 485 гласачи, кои своето право на глас можат да го исполнат во 265 избирачки места.

Зоран Јовановски