Протест на судската полиција
Судската полиција на протест пред Министерството за правда. Бара покачување на платите за 15 проценти. Министерот Тупанчески ќе бара пари од колегата Бесими...

Независниот синдикат на судската полиција на протест пред Министерството за правда. Побара со амандмани да се смени Законот за вработените да добијат за 15 проценти повисоки плати. Судската полиција се пожали дека е обесправена оти сега за неа е предвидено покачување од само 2 отсто, а 15 за другите вработените во судовите.
Претставниците на синдикатот се сретнаа со министерот за правда. Тупанчески им вети дека неделава ќе разговара со колегата Бесими за да се обезбедат финансиски средства,
Досега повисоки плати за истиот процент добија во Јавното обвинителство, а од септември зголемени плати треба да добијат вработените во основното и средното образование и градинките.
Игор Панов
