Македонија

Затруени работници во фабриката „Кромберг и Шуберт“

20.06.2022 15:38

Доколку се покаже дека има причинител за посочените труења, тогаш Санитарниот и Здравствен инспекторат наложува темелно механичко чистење и дезинфекција. Евентуална пријава до судот се поднесува по комплетирање на документацијата, односно ако се потврди кој е причинителот за труењето, велат од инспекторатот...

Државниот здравствен и Санитарен инспекторат ги чека резултатите од анализата за причината за труењето на 41 вработен во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола.

Директорката Бухова за МТВ вели дека нема нови случаи на труење. Во четвртокот помош во Дневната битолска болница побарале 30 лица, а следниот ден уште 11, но не јаделе иста храна.

Доколку се покаже дека има причинител за посочените труења, тогаш Санитарниот и Здравствен инспекторат наложува темелно механичко чистење и дезинфекција. Евентуална пријава до судот се поднесува по комплетирање на документацијата, односно ако се потврди кој е причинителот за труењето, велат од инспекторатот.