Жестоко во Украина

13.04.2014 14:30

Ако Киев употреби сила во југоисточна Украина, ќе бидат загрозени четиристраните разговори во Женева за решавање на кризата, го предупредил шефот на руската дипломатија Лавров својот американски колега Кери.

Вашингтон за вчерашната размена на оган меѓу граѓаните и полицијата го обвини мешањето на Москва. Во Славјанск и Краматорск, каде што вооружени проруски демонстранти ја зазедоа полициската станица и го запленија арсеналот.

„Верувајте, веќе ја поминавме последната линија. Никој нема да се врати назад“, вели Вјачеслав, демонстрант

Водачот на украинската екстремна десница преку Јутуб ги повика приврзаниците да се мобилизираат и да се подготват за одлучни чекори за одбрана на украинскиот суверенитет и територијален интегритет.