Елизабета Ѓоргиевска: Зајакнување на законодавните рамки за поддршка на телесната автономија
Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на регионалниот форум „Виртуелното е реално: Зајакнување на законодавните рамки за поддршка на телесната автономија“ што се одржува во организација на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија во соработка со канцеларијата на УНФПА на Балканот...

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на регионалниот форум „Виртуелното е реално: Зајакнување на законодавните рамки за поддршка на телесната автономија“ што се одржува во организација на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија во соработка со канцеларијата на УНФПА на Балканот.
Во своето обраќање на настанот, сопругата на претседателот истакна дека ваквите форуми на кои може да зборуваме за искуствата низ регионот и да учиме едни од други и да си помогнеме, се одличен механизам којшто ќе помогне во создавање на ефективни решенија. Според Ѓоргиевска, со алатките кои ги имаме на располагање треба да бидеме поддршка на кампањата „Бодирајт“ која има за цел преземање на дејства за запирање на насилството врз жените и девојките во виртуелните простори.
Целта на настанот е да се подигне јавната свест околу кршењето на човековите права и заштитата на телесната автономија на интернет преку примери од практиката, а се очекува и да се идентификуваат следните чекори за сегашните и идните улоги, како и одговорноста на различните чинители, регионалните и националните влади и развојните партнери.
