Македонија

Платформите на друштвените медиуми - простор за дигиталното насилство

20.06.2022 19:08

На глобално ниво, 85% од жените пријавиле дека посведочиле онлајн насилство. 40% проценти лично биле жртви на такво насилство. Делотворни законски мерки и подигнување на свеста за борбата против дигиталното насилство и родово заснованото насилство се неопходни...

Платформите на друштвените медиуми станаа простор за дигиталното насилство. На глобално ниво, 85% од жените пријавиле дека посведочиле онлајн насилство. 40% проценти лично биле жртви на такво насилство. Делотворни законски мерки и подигнување на свеста за борбата против дигиталното насилство и родово заснованото насилство се неопходни.

Со законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство се воведе систем за реинтегрирање на жртвите, но, сè уште има потреба од усогласување со други закони и нивно спроведување.

Веќе се работи на легислатива за итни мерки за справување со оваа појава.

Министерството подготвува нов закон за родова еднаквост со кој дополнително ќе бидат унапредени механизмите за родова еднаквост на локално и национално ниво.

 

Наташа Јанчиќ Менковски