Лагард: Светската економија е подобра
13.04.2014 14:34
Глобалната економија полека се поправа.

Добрите економски програми ќе помогнат да се избегнат ризиците, заклучи ММФ.
„Светската економија е подобра, но нерамномерна, бавна и кревка. Затоа, освен фискално заздравување ни треба и добра монетарна политика. Се варира од една до друга земја или регион“, вели Кристин Лагард, директор на ММФ.
Министрите за финансии од Г-20 им дадоа на САД рок до крајот на годинава да ги ратификуваат нацрт реформите на ММФ и се заканија дека во спротивно, ќе продолжат да работат без нив.
