104 сообраќајни прекршоци во Скопје
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 104 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 18 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, а осум за минување на затворен сигнал – црвено светло.
Изречени се и 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, две мерки за користење на мобилен телефон, две за некористење сигурносен појас, соопштуваат од МВР.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови.
