Македонија

Отварање на „Скопско лето“ со концерт на европскиот креативен оркестар

21.06.2022 09:46

Годинава на „Скопско лето“ се најавени 30 уметнички настани, а најзастапана и годинава ќе биде музиката, но ќе има и театарски претстави, изложби, програми за деца...

43-то издание на „Скопско лето“, вечер, свечено ќе биде отворено со концерт на европскиот креативен оркестар при институтот „Фаме’с“ под диригентската палка на Тимоти Редмонд.

Годинава на „Скопско лето“ се најавени 30 уметнички настани, а најзастапана и годинава ќе биде музиката, но ќе има и театарски претстави, изложби, програми за деца. И оваа година основата на програмата ја претставуваат нашите домашни уметници, но годинава има и богат избор на меѓународни програми. Ќе има гости уметници од Јапонија, САД и Канада, како и гости од регионот.