Зеленски: Тешки борби во источниот дел на земјата
Украинскиот претседател Зеленски рече дека силите на Киев водат „тешки“ битки за градовите Северодоњецк и Лисичанск. Тој веќе предвиде дека Москва ќе ги ескалира нападите пред самитот на ЕУ во четврток и петок...

Украинскиот претседател Зеленски рече дека силите на Киев водат „тешки“ битки за градовите Северодоњецк и Лисичанск. Тој веќе предвиде дека Москва ќе ги ескалира нападите пред самитот на ЕУ во четврток и петок.
Гувернерот на Луганск, рече дека руските сили го контролирале поголемиот дел од Северодоњецк, со исклучок на хемиската фабрика „Азот“, каде што стотици цивили се кријат со недели. Во меѓувреме, новинарот Дмитри Муратов го продаде својот медал на Нобеловата награда за мир за 103,5 милиони долари, а парите ќе бидат донирани за бегалците од војната во Украина.
