Свет
Во Еквадор протести за намалување на цената на горивото
21.06.2022 10:34
Илјадници домородни жители и членови на други незадоволни и групи маршираа низ главниот град на Еквадор, на осмиот ден од протестот за цената на горивата...

Илјадници домородни жители и членови на други незадоволни и групи маршираа низ главниот град на Еквадор, на осмиот ден од протестот за цената на горивата.
Претседателот Ласо ја продолжи вонредната состојба во шест провинции и прогласи полициски час во Кито.
Во демонстрациите има повеќе повредени, меѓу нив и полицајци. Дел од нив биле накратко држени како заложници на почетокот на протестите.
