Хусеин: „наредна фаза во потрагата по „боинг-от“ е да нурнеме под воддата“

13.04.2014 14:41

Пинговите во Индискиот Океан за кои се верува дека се од исчезнатиот малезиски боинг слабеат и не се појавиле уште од вторникот, што сериозно ја отежнува потрагата.

Иако уште нема потврда, австралиските и малезиските власти сметаат дека пинговите се од црната кутија.

„Сега не чека наредната фаза на потрагата, да нурнеме под водата“, изјави Хишамудин Хусеин, министер за транспорт на Малезија

Претходно се појавија тврдења дека боингот е киднапиран, а патниците во заложништво. Боингот исчезна со 239 патници и членови на екипажот.